Победи 7-0 и доби отказ!

by
1 минути читање

Станува јасно дека челниците на фудбалот во оваа островска земја ја имале оваа намера и пред последниве натпревари, па убедливиот триумф над Лихтенштајн не го сменил впечатокот. Тоа беше само шеста победа на Видарсон од 31 натпревар како е селектор на Исланд. Неколку дена пред Лихтенштајн беше прегазен од Босна и Херцеговина со 3-0, во Зеница и, веројатно, тоа ја прели чашата.

„Ова е навистина тешка одлука, но ја сметаме за потребна и правична. Арнар направи многу добри нешта и заслужува пофалба за својата работа. Меѓутоа, сега тргнуваме во потага по негов наследник, за да ги почнеме подготовките за следните натпревари, кои се на програмата во текот на летото“, изјавила претседателката на КСИ, Ванда Сигургеирсдотир.

Исланд игра во групата Ј од квалификациите за ЕУРО 2024, заедно со Португалија, Словачка, БиХ и со Лихтенштајн.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×