По седум одиграни кола во Ла Лига, Жирона собра најмногу бодови, има шест победи и едно реми, со 19 бода е прва на табелата.
Вечерва со пресврт го совладаа Виљареал. Парехо во 49. минута погоди за домаќините, а Жирона имаше петминутен блесок за победа. Довбик во 56. минута и Гарсија во 61. минута беа стрелци на головите за новиот триумф.
По поразот во претходното коло од Атлетико Мадрид, Реал со победа над Лас Палмас од 2-0 се рехабилитираше.
Брахим Дијаз погоди во судисокото продолжение од првото полувреме. Тоа беше негов прв гол откако се врати во кралскиот клуб од Милан. По девет минути игра во вториот дел Хоселу ги постави конечните 2-0.
Во овој термин се играше и дуелот меѓу Атлетик Билбао и Хетафе, мечот заврши нерешено 2-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.