По веста за Клоп и Рома се огласи и агентот на Германецот

by Стефан
1 минути читање

Италијанската „Ла Стампа“ во текот на изминатата вечер објави информација кој како „бомба“ одекна во фудбалскиот свет, а тоа дека Јирген Клоп ќе биде нов тренер на Рома, сепак изгледа нема да има ништо од тоа.

По информациите на Ла „Стампа“ се огласи познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо кој повикувајќи се на изјава на неговиот ги демантираше овие информации.

„Веста за преговорите помеѓу Рома и Клоп не е вистина, тоа е лага“, кратко изјави Марк Косике.

Ќе потсетиме, Клоп веќе една година е дел од тимот на Ред Бул каде што е задолжен за стратегијата на сите клубови под капата на оваа компанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани