По трансферот на Левандовски во Барса, Мане е најплатен фудбалер на Баерн, Де Лихт е дури девети (ФОТО)

by
1 минути читање

Роберт Левандовски со години беше најплатениот играч на Алианц Арена, но откако Полјакот си замина од Минхен, на врвот сега е летното засилување Садио Мане.

Според пишувањaта на Билд, Сенегалецот заработува повеќе од легендите како Мануел Нојер и Томас Милер и со 22 милиони евра бруто по сезона е најплатен фудбалер на Баерн.

Интересно е тоа што најскапото летно засилување, Матајс де Лихт е дури девети. Холанѓанецот, кој заработуваше 12 милиони евра по сезона во Јувентус, прифатил намалување на платата и сега има околу 16 милиони евра бруто, или околу 8 милиони евра нето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани