По Салах, Ливерпул договори уште еден голем потпис!

by 24 фудбал
1 минути читање

Откако утрово Ливерпул објави дека е продолжена соработката со Мохамед Салах, следен на ред за потпис е капитенот.

Вирџил Ван Дајк ќе парафира нова соработка со „црвените“ и тоа се очекува да се објави во најбрз рок. Холанѓанецот ќе потпише исто така договор на две години, активен до јуни 2027 година. Двете страни си подадоа рака, а веќе Фабрицио Романо го даде своето „Here we go“.

Во редовите на Ливерпул искусниот стопер пристигна во 2018 година за 85 милиони евра од Саутемптон. Оттогаш се наметна во тимот, блесна и ја доби капитенската лента.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани