Арсенал е многу
блиску до потпис со Деклан Рајс откако Манчестер Сити се повлече од трката а
Вест Хем го прифати рекордниот предлог од 100+5 милиони фунти, двата клуба сега
ги пеглаат деталите.
Се говори дека
Микел Артета ова лето сака да донесе уште еден фудбалер од средниот ред и се
опипува терен за ангажман на Моисес Каиседо од Брајтон и Ромео Лавија од
Саутемптон.
Како што пишува
новинарот Жак Талбо од „Фудбал трансферс“, „топчиите“ на ум го имаат и Орелиан
Чуамени од Реал Мадрид, во случај да не успеат во намерата за ангажман на Каиседо
или Лавија.
Една ваква зделка
е прилично скапа, Реал Мадрид нема да го продаде Орелиан Чуамени за помалку од 100
милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.