По повеќе од седум децении Германија раскина со Адидас, потпиша со Најк!

by
1 минути читање

Германскиот спортски бренд Адидас беше симбол на репрезентацијата на оваа земја. Соработката трае повеќе од седум децении, па денешната информација дека Германија ќе носи Најк изгледа изненадувачки.

Германската фудбалска федерација потпиша договор со Најк кој почнува во 2027 година и ќе трае до 2034 година.

„Со нетрпение очекуваме да ја почнеме соработката со Најк. Идното партнерство ќе ѝ овозможи на Фудбалската федерација да продолжи да ги извршува клучните задачи во наредната деценија со цел сеопфатен развој на фудбалот во Германија. Но, едно е исто така јасно: до декември 2026 година ќе направиме сѐ што можеме да постигнеме заеднички успех со нашиот долгогодишен и сегашен партнер Адидас, кому германскиот фудбал му должи многу повеќе од седум децении“, изјави претседателот на Германската фудбалска федерација, Бернд Неуендорф.

Во Адидас се шокирани од оваа одлука на нивниот партнер, велат дека денеска биле информирани за одлуката.

„Нашиот договор со Германската фудбалска федерација трае до крајот на 2026 година. Денеска од нив бевме информирани дека ќе имаат нов добавувач од 2027 година“, изјави портпаролот на Адидас, Оливер Бриген.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани