По поразот од Баерн, од таборот на Лион најавија распродажба на ѕвездите

by
1 минути читање

Лион беше едно од
пријатните изненадувања по ре-стартот на Лигата на шампиони, „лавовите“ го преживеаја
гостувањето кај Јувентус и реваншот во осминафиналето, за потоа да го шокираат
Манчестер Сити во четвртфиналето.

Клубот од Франција
сепак не можеше ништо да стори против разиграниот Баерн Минхен и се збогуваше
од најелитното европско натпреварување.

По елиминацијата,
спортскиот директор Жунињо најави дека одредени фудбалери ќе бидат продадени,
во прв план се младите ѕвезди Муса Дембеле и Усем Ауар.

„Одредени
фудбалери ќе заминат, тоа е сигурно, но не сум загрижен. Кога имате играчи кои
одиграа одлично во Лигата на шампиони, како Муса Дембеле и Усем Ауар…
“ – вели
Жунињо.

Муса Дембеле подолго
време е следен од гигантите од Премиерлигата и се поврзува со Челси и Манчестер
јунајтед. Усем Ауар пак е желба на Јувентус, Манчестер Сити и Барселона.

Жунињо не го
спомна Мемфис Депај, но има гласини и за него. Се говори дека Холанѓанецот може
да заврши во Борусија Дортмунд доколку „милионерите“ го продадат Џејдон Санчо
на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×