По понудата од Реал вредна 150 милиони, Хулијан Алварез веднаш се јавил на еден клуб!

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ вчера доставија предлог тежок 150 милиони евра за ангажман на Хулијан Алварез, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, напаѓачот веднаш се јавил на важен човек од Барселона за да извести дека нема никакви преговори со Реал Мадрид.

Во екот на претседателската трка, Флорентино Перез најави дека ќе понуди 150 милиони евра за ангажман на нов „галактико“.

Со денови се пишуваше дека оваа рекордна сума ќе биде за Мајкл Олисе од Баерн Минхен, но на крајот „кралевите“ тропнаа на вратата на локалниот ривал Атлетико Мадрид, и се обидоа да го ангажираат Хулијан Алварез.

Флорентино Перез ми се јавил на својот колега Енрике Серезо, му сигнализирал дека е подготвен да понуди 150 милиони евра, но веднаш добил негативен одговор и порака дека Аргентинецот не е на продажба.

Одредени извори пишуваат дека Реал Мадрид и Флорентино Перез немале вистинска намера да го ангажираат Хулијан Алварез, едноставно сакале да ја зголемат цената на напаѓачот, па тој да биде недостапен за Барселона, или доколку заврши на Камп Ноу, „каталонците“ да платат многу повеќе.

Исто така се говори дека по понудата од „кралевите“, Хулијан Алварез веднаш се јавил на важен човек во Барселона и му порачал, „Никогаш не сум преговарал со Реал Мадрид и немам намера да преговарам. Сакам да играм за Барселона!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×