Летото во 2020 година, Барселона доживеа тежок пораз во четвртфиналето во Лигата на шампионите, загуби со 2-8 во пресметката против Баерн Минхен.
Неколку месеци подоцна одекна бомба на Камп Ноу, Лео Меси достави итен допис и побара да биде ослободен од договорот, се повика на клаузула која му овозможува да не ја одработи последната година.
Новинарот Марти Перарнау во својата книга „Боже чувај го Пеп“, открива дека по понижувањето од Баерн, Лео Меси имал средба со Пеп Гвардиола.
Напаѓачот му се доверил на тренерот дека повеќе не се чувствува комфорно на Камп Ноу, дека бил предаден од претседателот Бартомеу и неговите соработници, па сака да ја промени средината и се понудил да се пресели во Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола пак му порачал дека единствен начин за преселба на „Етихад“ е како слободен играч, па треба со Барса да најде јазик за прекин на соработката пред Манчестер Сити да тргне о акција.
Лео Меси на крајот се откажа од немерата да не ја одработи последната година, и остана уште една сезона во Барселона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.