Барселона бара решение откако Ла Лига одлучи дека продажбата на 25% од ТВ павата и 24,5% од „Барса Студиос“ и прибраните преку 600 милиони евра не се доволни за регистрација на летните засилувања .
Продажба на нови 24,5% од „Барса Студиос“ е една од зделките на кои се работи, а во исто време, Жоан Лапорта и неговите соработници преговараат со Жерард Пике и Серхио Бускетс за намалување на платите.
Се говори дека дефанзивецот прифатил да игра беспари, Барса го цени гестот, но платата ќе му биде намалена во согласност со новите параметри.
И Серхио Бускетс прифатил да му се намали платата, но неговата ситуација е малку проблематична со оглед на тоа дека актуелниот договор му завршува во 2023 година.
Како што пренесува Мундо Депортиво, се водат преговори за Серхио Бускетс да стави потпис на нов договор до 2024 година. Но проблематична е една клаузула, односно тоа што Барса сака да стави опција со која може еднострано да го раскине договорот по крајот на сезоната.
Серхио Бускетс не го прифаќа ова, и сега се бара ново решение.