Оваа недела се говореше за шокантен трансфер и враќање на Џером Боатенг во Баерн Минхен, дефанзивецот со денови тренираше со „баварците“ и сите биле изненадени од неговата добра форма.
И покрај тоа што
се говореше дека Германецот дека Томас Тухел силно притиска за
негов ангажман, раководството на Баерн синоќа имало нова средба на која
одлучиле дека нема да повлечат ваков потег.
Причина за
оваа одлука се проблемите на фудбалерот надвор од теренот, Џером Боатенг
пред две години беше прогласен за виновен по обвинувањата за семејно насилство
и на поранешната девојка треба да и исплати оштета од 1,8 милиони евра за тоа
што физички и вербално ја нападнал на одморот на Карибите.
Навивачите го
кренаа гласот, и се заканија со протести, па Баерн Минхен за мир во куќа решил
да не му понуди договор на Џером Боатенг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.