По многуте критики, „Ковид-брејк“ од идната сезона нема да се користи во Премиерлигата

by
1 минути читање

Паузите на
половина од секое полувреме во Премиерлигата, или популарни како „Ковид-брејк“
нема да се користат идната сезона, барем така најавува „Д Атлетик“.

„Ковид-брејк“
беше воведен како одреден одмор за фудбалерите за време на натпреварите поради
паузата од цели три месеци поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, меѓутоа
многумина најдоа забелешки поради начинот на кои истите беа користени.

Во моментите кога
се одржуваа истите паузи, на официјалните лица им беше овозможено да извршат и
дезинфекција на одредени делови од терените, односно на конструкцијата од
головите, корнер знаменцата како и топките.

Како и да е,
фактот што немаше тренер во Премиерлигата кој одморот на фудбалерите го
искористи за совети до своите фудбалери, наиде на критики од јавноста, па т.н.
„Ковид-брекј“ речиси сигурно е дека нема да се користи од идната сезона која е
предвидено да стартува веќе во септември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×