По најавите и демантот за преселба на Јирген Клоп во Рома, попладнево се појавија информации кои велат дека Нуно Еспирито Санто е главен кандидат за кормилото на „волчицата“.
Јирген Клоп денеска се најде во фокусот на фудбалската јавност откако беше објавено за негова спектакуларна преселба на „кормилото“ на Рома.
Сепак, еуфоријата кратко траеше, пристигна демант дека нема вистина во ваквите написи.
Попладнево се појавија нови шпекулации, „волчицата“ се поврзува со ангажман на Нуно Еспирито Санто.
Стратегот прави чуда на кормилото на Нотингем Форест оваа сезона, но влезе во конфликт со газдата на клубот.
Рома сака да ја искористи ваквата ситуација, па е остварен контакт и на Нуно Еспирито Санто му е понуден двегодишен договор, како и амбициозен проект, односно изградба на тим со кој ќе може да атакува на Скудетото.