Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, ќе го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Договорот вклучува клаузула за автоматско продолжување на соработката на крајот од секоја сезона, на што двете страни дале согласност.
Коке дебитираше за првиот тим на Атлетико на 19 септември 2009 година, а оттогаш израсна во вистинска клупска легенда и стана играчот со најмногу одиграни натпревари во историјата на клубот – 681. Во однос на трофеи, тој е втор најуспешен фудбалер во историјата на клубот, со вкупно осум освоени трофеи:
- Две титули во Ла Лига (2014, 2021)
- Куп на кралот (2013)
- Три трофеи во Лига Европа (2010, 2012, 2018)
- Суперкуп на Шпанија (2014)
- Три трофеи во УЕФА Суперкупот (2010, 2012, 2018)
Пред него на оваа листа е само легендарниот Аделардо, кој има два трофеи повеќе.
Коке и натаму ќе остане носител на тимот на Чоло Симеоне и симбол на клубот кој израсна покрај него. Во текот на вчерашниот ден беше промовиран и новиот договор на Антоан Гризман.