На почетокот од годинава, Мејсон Гринвуд заврши зад решетки откако неговата девојка го пријави во полиција.
Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед беше уапсен под сомнеж за силување, напад и закани по живот, но плати кауција и излезе на слобода.
Оваа недела се појавија информации дека Мејсон Гринвуд и неговата девојка почнале одново да се следат на Инстаграм, а кратко потоа се шпекулираше дека двајцата живеат заедно со месеци и покрај инцидентот, па дури имаше и стории дека девојката размислува да го повлече обвинението.
Но утрово неколку извори пренесоа дека полицијата го уапсила Мејсон Гринвуд под сомнеж дека ги прекршил условите од кауцијата, односно стапил во контакт со жртвата (неговата девојка).
Останува да се види како ќе се одвива целата сага.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.