По елиминацијата од Реал, Клоп посочи кои три натпревари ќе ја дефинираат сезоната на Ливерпул

by
1 минути читање

„Црвените“ синоќа
не успеаја да направат чудо на Сантијаго Бернабеу, одново загубија од Реал Мадрид
и со вкупни 6-2 беа елиминирани во Лигата на шампиони.

Ливерпул сега има
само една цел до крајот на сезоната, да се обезбеди топ четири пласман и според
Јирген Клоп, клучен ќе биде периодот од осум дена кога имаат три дерби
натпревари против Манчестер Сити, Челси и Арсенал.

„Доколку сакате
да триумфирате во Лигата на шампиони, морате да прикажете извонреден фудбал и
вчерва ние не успеавме да го сториме тоа, па резултатот е фер“
– вели тренерот
на Ливерпул.

„Ова е
натпреварувањето во кое сите сакаат да бидат, целта е да играме во Лигата
на шампионите и следната сезона, па пред нас е голем предизвик“.

„Кога ќе се
вратиме по паузата за репрезентативните настапи, не чека страшна фудбалска
недела со три натпревари против Сити, Челси и Арсенал. Мислам дека овие дуели
ќе ја дефинираат сезоната и тоа каде ќе се најдеме на крајот“.

„Знам дека луѓето
ќе зборуваат за поразот од Борнмут, но таа недела е прилично одлучувачка“.

„Се надевам дека
момците ќе се вратат без повреди, во права форма и ќе го дадеме максимумот за
добри резултати“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани