По една година Касано се враќа

by
0 минути читање

Касано 12 месеци беше во немилост на Сампдорија која не го продаде, но
поради недолично однесување не сметаше на него.

Агонијата на Касано е минато, тој е нов фудбалер на Верона.

„Верона може да потврди дека го комплетираше трансферот на Антонио Касано“ –
стои во соопштението на клубот.

Касано главната слава ја стекна во Рома за која играше пет сезони по што се
пресели во Реал Мадрид. Го носеше дресот и на Интер и Милан, но главно поради
проблематичниот карактер никогаш не блесна во сиот свој потенцијал. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×