Рома создава сезриозен тим, со доаѓањето на Дибала и останувањето на Заниоло, нападот на тимот изгледа моќно, а следна цел на Мурињо е да донесе дефанзивен играч во средниот ред.
Мурињо го сака Вајналдум на кој главната позиција му е класичен играч во средниот ред, но може да игра и дефанзивно и офанзивно во овој дел на теренот.
Вајналдум пристигна како големо засилување во ПСЖ, но не се снајде најдобро и не блескаше минатата сезона. Новиот тренер нема да смета на него, па тој е ставен на продажба.
Информациите од Италија велат дека Рома сака да го позајми Вајналдум со опција да го откупи идното лето за 20 милиони евра. Поголем проблем во целата зделка е неговата плата.
Вајналдум дојде во ПСЖ како слободен играч и доби годишна плата од 9 милиони евра. Како решение се посочува годината во која фудбалерот би играл на позајмица, двата клуба да ја делат неговата плата, Рома да му даде 4,5 милиони евра, а другиот дел да го добие од ПСЖ.