За прв пат по
сезоната 1994/95, ПСЖ ќе игра полуфинале во Лигата на шампиони откако синоќа
избраниците на Томас Тухел во драматична завршница, со два гола во финишот од мечот
направија чудесен пресврт и со 1-2 славеа против Аталанта.
По последниот
свиреж, Насер Ал Келаифи раговараше со медиумите и ја прокоментира иднината на
Нејмар и Килијан Мбапе, за кои често се пишува дека ќе заминат.
Првиот човек на „светците“ порача дека Бразилецот и Французинот остануваат
во Париз, односно никогаш нема да заминат.
„Мбапе и Нејмар се помеѓу најдобрите играчи во светот, сигурно се во топ 5,
можеби и во топ 3. Нејмар беше играч на натпреварот, имаше одлична партија.
Забележавме големи промени кај него во последните три месеци. Нејмар и Мбапе остануваат, никогаш нема да
заминат“ – вели Насер Ал Келаифи.
„Сите велеа дека ПСЖ не е подготвен за Лигата на шампиони, но ние покажавме
одличен менталитет. Нашите цели се високи, но не мислиме на финале, во фокусот
ни е само полуфиналето и следниот меч“.
„Ова е специјален ден, горд сум на играчите и персоналот. Не беше лесно
поради суспензијата на првенството“.