705
Манчестер Сити го исфрли Плимут од ФА Купот со победа од 3-1 во осминафиналето.
Сепак, по натпреварот незадоволен беше тренерот Пеп Гвардиола. Според него, топката со која се игра во ФА Купот е лоша и треба да се размисли за промени.
„Топките во Лигата на шампионите се Адидас, во Премиер лигата се Најк и се фантастични. Оваа која се користи во ФА Купот (Митре) не е добра. Имавме дури 20 удари крај голот. Во нормални околности тие ќе одеа кон голот“, смета Пеп.
Слични коментари имаше и од страна на Микел Артета, откако Арсенал беше елиминиран од полуфиналето на Лига купот, каде што исто така се користат овие топки.