По 15 години, Марсело си заминува од Реал Мадрид

by
0 минути читање

Марселона имаше перфектно збогување со Реал Мадрид откако го крена пехарот од Лигата на шампионите во Париз.

„Да, ова е мојот последен натпревар со Реал Мадрид“, потврди Марсело.

Неговиот договор истекува во јуни и тој ќе треба да одлучи која ќе биде неговата следна дестинација.

34-годишниот Марсело, во Реал Мадрид пристигна во 2007 година. Со кралскиот клуб пет пати ја освои Лигата на шампионите и пет пати триумфираше во Ла Лига. Го освојуваше и Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, УЕФА Суперкупот како и Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×