По 113 години згасна еден од најславните италијански клубови: Во него играа Пирло, Гвардиола, Балотели, Баџо…

by Стефан
1 минути читање

Еден од најпознатите клубови од Италија, Бреша, повеќе не постои. Финансиските проблеми кои долго време го притискаа клубот конечно кулминираа, рокот за исплата на долг од три милиони евра истече вчера попладне, а сопственикот Масимо Челино не успеа да ја обезбеди потребната документација за добивање на лиценца за настап во новата сезона.

Со ова, клубот официјално прогласи банкрот, а 113-годишната историја на Бреша застанува тука барем во својата досегашна форма. Сега постојат две опции: или ќе се создаде нов клуб кој би стартувал од аматерската, петта лига, или ќе се оди на фузија со локалниот клуб Оспиталето, со што би се обезбедило место во Серија Ц.

Иако Бреша никогаш не се закити со голем трофеј, остави длабока трага на италијанската фудбалска сцена. Клубот одигра 23 сезони во Серија А, а неговиот дрес го носеа некои од највлијателните имиња во светскиот фудбал. Таму кариерата ја почна Андреа Пирло, а токму таму ја заврши славниот Роберто Баџо. Во истите бои играа и Лука Тони, Сандро Тонали, Марио Балотели, Георге Хаџи, па дури и Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани