Плејмејкерот на Копенхаген имаше интересна конверзација со Солшер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со голот од
пенал, дело на Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед синоќа успеа со крајни
напори да го скрши отпорот на Копенхаген во четвртфиналето од Лига Европа, а по
крајот на мечот, камерите регистрираа и една мошне интересна конверзација.

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, по мечот разговараше со
плејмејкерот на Копенхаген, Хозе Зека, а во разговорот Норвежанецот јасно
посочи кој е главниот виновник за последните успеси на неговиот тим кој јасно е
дека се развива во брз ритам.

Ти благодарам
многу за сето тоа што го стори во Манчестер
“ му рече Зека на Солшер, очигледно тој е голем навивач на „Црвените ѓаволи“, а веднаш по тие негови коментари, следеше и одговор од Солшер.

Се обидуваме да
се вратиме, тој (Фернандеш) ни помага, ова момче ни помага
“ му возврати Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×