„Платен е 85 милиони евра, а изгледа како детето на Челси – се што прави е погрешно“

by Стефан
1 минути читање

Рој Кин повторно жестоко ги нападна фудбалерите на Манчестер јунајтед, а овој пат поебно го критикуваше Расмус Хојлунд, по уште едно негово бледо издание против Челси. Јунајтед доживеа нов пораз во последното коло од Премиерлигата пред финалето на Европската лига против Тоттнем продолжувајќи ја катастрофалната серија, само два освоени бода од почетокот на април и пет порази во последните шест натпревари.

Составот на Рубен Аморим падна на 16. позиција на табелата и зад „црвените ѓаволи“ се само екипите кои се селат во понизок ранг. Единствен начин да ја спасат сезоната е да победат во Билбао.

Еден од најкритикуваните фудбалери е напаѓачот Расмус Хојлунд кој беше платен 85 милиони евра, сезонава постигна само четири гола на 31 натпревар. Остар кон него беше Рој Кин.

„Тие немаат напаѓач. Хојлунд вечерва изгледаше како она дете од Челси, Тајрик Џорџ. Како да влегол во тимот директно од академијата. Трчањето, тајмингот, играта без топка…се правеше погрешно“, критикуваше Кин, па продолжи:

„Кога си напаѓач на Манчестер јунајтед, мораш и сам да создаваш шанси. Големите клубови секогаш имаат напаѓачи кои прават разлика и без совршено додавање, со талент, искуство, фудбалска интелигенција. Кај Хојлунд тоа не го гледаме.“

На прашањето од водителот Дејв Џоунс дали Хојлунд би бил подобар со поквалитетни соиграчи, Кин веднаш одмавна со рака:

„Постојано му бараме изговори. Јасно е дека му треба поддршка, ама едноставно понекогаш некогаш мораш да бидеш подобар. Платен си 85 милиони евра.“

Фото: Manchester United/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани