Планот на Жорж Мендеш да го однесе Жоао Феликс во Барселона

by
1 минути читање

Жоао Феликс предизвика
хаос во Атлетико Мадрид откако доцна синоќа изјави дека од дете сонува за
настап во Барселона и изрази желба да го облече дресот на „каталонците“.

Во Атлетико
Мадрид се разочарани од ваквото однесување, сметаат дека Португалецот покажал
непочитување кон клубот со своите коментари.

Од Метрополитано
стадионот исто така брифираат: „Агентот на играчот перфектно знае кои услови
треба да се исполнат за Жоао да замине. Немаме што повеќе да кажема на оваа
тема“.

Барселона нема
финансиска моќ за трансфер од стотина милиони евра, па Жорж Мендеш стокмил план
и ќе се обиде да издејствува позајмица.

Но и една ваква
зделка не е прилично едноставна бидејќи Барселона ќе треба да плати добра сума
за позајмицата, плус во целост да ја покрие платата на Жоао Феликс.

Весникот АС пак е
прилично оптимист и смета дека двта клуба до крајот на неделата можат да ги
испеглаат деталите за Жоао Феликс да се пресели во Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани