Пјаниќ жестоко „удри“ по Куман: Тренинзи без интензитет, без тактики, без идеи… со Чави е сосема друго

by
1 минути читање

Миралем Пјаниќ во
2020 се пресели на Камп Ноу како дел од зделката со која Артур заврши во
Јувентус, но Босанецот никогаш не успеа да се наметне во Барселона.

Во разговор со
медиумите од Шпанија, Миралем Пјаниќ откри зошто решил да се пресели во Шарџа,
имаше само пофални зборови за Чави и жестоко удри по Роналд Куман.

„Бев изненаден од
Куман, неговите тренинзи беа кратки, без интензитет, без тактики и без идеи. Не
се подготвувавме за натпреварите“
– вели фудбалерот од средниот ред.

„Со Чави се
променија работите, подготовките и тренинзите беа навистина добри, слични на
тоа што бев навикнат во Јувентус, каде освоивме многу титули“.

„Тренинзите во
Барса сега имаат интензитет. Чави и неговиот персонал беа многу јасни со нас на
стартот од сезоната. Ни кажаа дека оваа сезона ќе трчаме многу. Сега тренинзите
во Барса се како натпревар, има голем квалитет во составот и многу интензитет“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×