Пјаниќ позитивен на коронавирус: Овие времиња не учат дека ништо не треба да земаме здраво за готово (ФОТО)

by
1 минути читање

Миралем Пјаниќ на одмор во Италија се заразил со ковид-19, Босанецот во саботата направил тест кој покажал дека е позитивен на коронавирус.

Ваквиот развој на настаните ќе го поремети почетокот на неговата авантура во Барселона и тој нема да се појави на подготовките кои Роналд Куман ги закажа за новата сезона зошто ќе мора 15 дена да седи во изолација.

Откако „каталонците“ соопштија дека Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирус, фудбалерот се огласи на социјалните мрежи и порача: „Сакам да ги уверам сите кои се грижат за мене дека сум добро и за среќа сум асимптоматски. Овие времиња не учат дека ништо не треба да земаме здраво за готово. Остануваме спокојни и ги почитуваме правилата. Се гледаме наскоро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани