Кристијано Роналдо не реализираше пенал, но она што посебно го налути тренерот Пирло и секој навивач на Јувентус, е промашувањето на големата шанса од страна на Мората.
При резултат 0-0, Мората имаше фантастична шанса да постигне гол, но тој сакаше магупски да го направи тоа, атрактивно со пета и погреши. Наместо лесно да реализира, тој се изглупира и промаши.
Крајно неодговорниот потег на Мората го налути Пирло.
„Промашувањето на Мората многу ме налути, тоа е нешто што не смее да се случува. Таквите промашувања можат да го променат текот на натпреварот. Треба да имате луцидност да го направите вистинскиот избор во даден момент и тој не го направи. Со исклучок на тоа одигра одличен меч“, изјави Пирло по натпреварот.