Пирло: Сампдорија ја гледам како тим од Серија А

by
1 минути читање

Пирло беше фантастичен фудбалер, но како тренер досега не се покажа во добро светло. Нова шанса му е тоа да го направи во Сампдорија со која ќе игра во Серија Б.

„За мене тренирањето на Сампдорија е како да тренирам клуб од Серија А. Пораснав со легендите на Сампдорија кои го освоија Скудетото, дресот и сознанието дека играм на Мараси секогаш биле задоволство. Не можам да дочекам да почнам“, вели Пирло.

„Мојот прв меч како тренер беше против Сампдорија на Клаудио Раниери, па чувствувам како да се случил цел круг“.

„Искуството во Турција ми помогна да созреам како тренер. Сега сум далеку поискусен од претходно“.

„Многу е различно да се биде тренер и фудбалер. Кога ја почнав оваа професија, имав среќа тоа да биде од екстремно високо ниво“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани