Вчера беше една година од смртта на Синиша Михајловиќ. Српската фудбалска легенда четири сезони од својата кариера како фудбалер ги помина во Сампдорија, а две години беше тренер на овој тим.
Вчерашната победа над Реџиана, тренерот на Сампдорија, Андреа Пирло му ја посвети на Михајловиќ.
„Ова беше убава победа, остварена на тежок терен. Продолживме со успешни игри. Добро пристапивме кон играта и добро се справувавме со ситуациите. Игравме за нашиот Синиша, тој беше пример за сите и на теренот и надвор од него. Со оваа победа се сеќаваме на него и тоа со големо задоволство“, изјави легендарниот Андреа Пирло, кој сега е предводник од клупата на Сампдорија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.