Јувентус загуби со 2-0 од Интер во големото „Дерби на Италија“, шампионот не само што доживеа пораз, туку одигра многу пониско од своето ниво.
„Уште од самиот старт имавме погрешен однос кон натпреварот, кога ја немате посветеноста да добивате дуели, станува тешко“, вели Пирло по мечот.
„Делувавме како исплашени од напаѓачката игра на Интер, во нашите умови се фокусиравме само да се одбраниме и дури не бевме ниту агресивни во тоа. Му дозволивме на Интер да превземе иницијатива и да ни направи штета“.
„Индивидуалниот квалитет може да блесне само ако покажете агресивност и посветеност како тим. Ние не го направивме тоа“.
„Ова беше лош пораз, не можевме да одиграме полшо од ова, не очекував, но треба да ги кренеме главите и да се подготвиме за среда и Суперкупот против Наполи“.