Пирло: Им кажав две работи на фудбалерите…

by
1 минути читање

Легендарниот Андреа Пирло своето прво тренерско искуство ќе го има ни повеќе ни помалку туку во Јувентус. Се чини дека и не може да има поголем предизвик од тоа.

„Сакам да го вратам ентузијазмот, да играме проактивен фудбал со голема умешност во играта. Им кажав две работи на фудбалерите: секогаш треба да ја држите топката и кога ќе ја загубите, треба да ја вратите колку што можете побрзо“, вели Пирло.

„Ентузијазмот мора да се гради од ден во ден. Треба да зборуваме со играчите за да сфатат што сакаме од нив. Јувентус секогаш има една цел: победа“.

Пирло не беше присутен кога му го договорија првото големо засилување, Артур од Барселона, но тој смета дека Бразилецот добро ќе се вклопи.

„Артур е квалитетен фудбалер кој може да игра на разни позиции и да биде многу корисен во текот на сезоната“.

„Дибала е важен играч и ќе биде дел од проектот“.

Пирло е особено среќен со неговиот асистент, Игор Тудор.

„Тудор беше мој избор. Ми требаше асистент со искуство кој бил поранешен фудбалер и поранешен дефанзивец, и плус да е личност каков што е тој“.

„Плус тој е поранешен фудбалер на Јувентус, и сето тоа го прави перфектен асистент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×