Пипо Инзаги ја внесе Пиза во Серија А, но сака пак да биде тренер во Серија Б – има повик за нова мисија!

by riste
1 минути читање

Филипо Инзаги направи голем успех откако со Пиза се пласираше во Серија А, но италијанскиот стратег сака да се врати во Серија Б од каде има убава понуда.

Причината поради која Пипо Инзаги сака да си замине од Пиза е Палермо.

Инзаги има понуда од Палермо кој сака да се врати во Серија А и нема да штеди со оглед на тоа што овој клуб ги има истите сопственици како и Манчестер Сити.

Во изминатите години постариот Инзаги се промовираше како експерт за внесвуање на екипи во Серија А, па Палермо сака да го ангажира токму него.

Проблем е што Пипо има договор со Пиза. Со влегувањето во Серија А се активираше клаузула според која се продолжува соработката до јуни 2027 година.

Тоа значи дека Палермо можеби ќе треба да плати обештетување на Пиза за да го добие Инзаги.

Пиза не стои со скрстени раце, тие веќе почнале да бараат нов тренер, неколку имиња кои се опција се Џилардињо, Пирло и Паоло Занети (ако ја напушти Верона).

Во сезоната која измина, Палермо се пласираше во плејофот за влез во Серија А, но таму веднаш загуби од Јуве Стабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани