446
Ибрахимовиќ доби жолт картон откако влезе во непотребен дуел со Лукаку, а Швеѓанецот во 58. минута од мечот доби уште еден жолт картон и го остави својот тим со фудбалер помалку.
„Мечот беше израмнет, единствената разлика беше црвениот картон. Да бевме 11 на 11, водевме 1-0, ќе беше поинаку“, вели Пиоли.
„Вториот жолт картон беше од неговата желба да се врати и да му помогне на тимот. Требаше да забави малку, но се случува“.
„Во соблекувалната Златан се извини како голем шампион, каков што е“.