Пиоли зборува за промените во тактиката кои ги правеше во изминатиот период, а кои беа мета на критики

by
1 минути читање

Кога Пиоли го смени системот и наместо двајца, стави тројца централни дефанзивци, стигнаа критиките од повеќе страни, еден од критичарите чиј збор е тежок беше Ариго Саки.

Но, Милан почна да победува, најчесто тоа беа победи со 1-0, росонерите не примаа гол, одбраната функционираше многу подобро, а даваа барем еден и нижеа успешни резултати.

Синоќа против Тотнем, Пиоли повторно се врати на формацијата со двајца централни дефанзивци.

„Одлуката за промена на тактиката ја донесов по тешкиот пораз од Сасуоло, бидејќи изгледаше дека стариот систем едноставно не работеше веќе. Не станува збор само за различно позиционирање, туку целиот приод на тимот е различен сега, тие работат понапорно“, објаснува Пиоли.

„Исто мислам дека имаме централни дефанзивци и ги вклучив Симон Кјаер и Матео Габиа, кои одлично се вклопија во овој систем. Карактеристиките секогаш ги имавме, тоа беше вистински момент да се обидеме, но нашиот основен концепт на фудбалот не се промени“.

Откако му профункционира замислата со тројца централни дефанзивци, се чини дека Пиоли ќе ги менува овие два системи во зависност од противникот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани