Пиоли во Милан до 2022: Има визија за фудбал каков што сакаме – возбудлив, прогресивен и полн со пасија!

by
1 минути читање

Во октомври
минатата година, Стефано Пиоли седна на жешкото столче на Сан Сиро но не се
очекуваше долго да се задржи. Милан имеше идеја да го ангажира Ралф Рангник и
да му додели улога на тренер и спортски директор.

Сепак,
преговорите со Германецот пропаднаа и му беше укажана доверба на Стефано Пиоли,
кој по ре-стартот на сезоната ги предводеше „росонерите“ до 23 од можни 27 бода
и обезбеден настап во Лига Европа.

„Милан може да
соопшти дека постигна согласност со Стефано Пиоли за продолжување на
соработката за две години, тој ќе биде тренер на првиот тим до јуни 2022 гдина“
– гласеше известувањето.

Генералниот
извршен директор Иван Газидис рече: „Заодолен сум од подадената рака. Стефано
покажа дека има визија за фудбал каков што сакаме во нашиот клуб – возбудлив,
прогресивен и полн со пасија. Одлуката не се базира на резултатите во последно
време, туку на тоа како Стефано успеа да изгради тимски дух и го обедини составот,
начинот на кој ги подобри перформансите на индивидуални играчи но и целиот
колектив“.

За новиот
договор, Пиоли рече: „Среќен сум и горд на довербата што ми ја укажа Милан.
Сакам да им се заблагодарам на сите, особено фановите, кои ни недоставуваат на
трибините но секогаш се блиску до нас и ни даваат поддршка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×