Ждрепката во
Лигата на шампиони донесе неколку интересни дуели во четвртфиналето, Милан и
Наполи за прв пат ќе играат меѓу себе во Европа.
Наполи го доби
првиот дуел со Милан во првенството оваа сезона и има 20 бода повеќе во однос на
„росонерите“ на табелата, но ова не му
значи ништо на Стефано Пиоли, кој попладнево порача дека Лигата на шампиони е сосема
друго натпреварување во однос на Серија А.
„Добивме тежок
противник, но тоа ќе важеше и за било кој друг да ни се паднеше, се наоѓаме
помеѓу осумте најдобри во Европа. Ние сме Милан и сакаме да продолжиме во
Европа. Точно е дека Наполи е подобар од нас во Серија А, но Лигата на шампиони
е сосема друго натпреварување и Милан е Милан“ – порача тренерот на
„росонерите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.