На полувремето Торино имаше водство од 2-0, па Пиоли незадоволен од изданието на своите фудбалери направи три замени, на местото од Леао, Диаз и Калулу, влегоа Ребиќ, Де Кетеларе и Дест.
Но, Леао и покрај тоа што промаши три чисти шанси, тој е главната ѕвезда во тимот, играчот кој лани беше најдобар, па Пиоли требаше да објасни зошто реши да го извади на полувремето.
„Сакав да променам нешто, барав поголемо движење на топката. Јасно е дека тоа не беше најдобра вечер на Леао, тоа беше сосема очигледно“, објасни Пиоли.
„Разочаран сум, очекував поинакви перформанси и резултат тука. Мора да работиме уште понапорно за следните натпревари“.
Следниот меч за Милан е во Лигата на шампионите на домашен терен против Салцбург. На росонерите им е доволен и бод за пласман во осминафиналето.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.