Пиоли: Ние сме шампиони на Италија и не се плашиме од никого

by
1 минути читање

Милан синоќа одигра одличен меч против Салцбург, победи со 4-0 и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Росонерите го освоија второто место во групата, па за противник во ждрепката во понеделник ќе добијат некој од Порто, Баерн Минхен, Бенфика, Манчестер Сити, Реал Мадрид или Тотнем.

„Не е важно кого ќе го добиеме, секако ќе биде стимулативно и тешко“, изјави Пиоли.

„Ние сме шампиони на Италија и мора да го играме нашиот фудбал и да се обидеме да отидеме што е можно подалеку. Нема потреба да се плашиме од никого“.

„Сега погледот го вртиме кон Серија А, да останеме колку што е можно поблиску до Наполи кој е во неверојатна серија“.

„Мора да бидеме амбициозни во Лигата на шампионите и да не се плашиме од никого. Со кој и да се паднеме, Милан ќе игра со верба дека може да помине“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×