Пиоли: Можеме да го свртиме резултатот во реваншот

by
1 минути читање

Милан синоќа со 2-0 го загуби првиот меч против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите, па росонерите ќе имаат тешка задача во вторник во реваншот.

„Интер играше подобро во првото полувреме и постигна два гола, Милан играше подобро во второто полувреме и не постигна гол. Тоа е фудбалот на ова ниво. Интер имаше повеќе квалитет и ефикасност во првото полувреме, додека ние направивме премногу грешки за ова ниво“, вели Пиоли.

„Имавме шанси во второто полувреме, па природно е во реваншот да ни е потребен поголем квалитет и поагресивен пристап. Потребно е да ја кренеме летвичката и од стартот да играме нешто поблиску до перформансите од второто полувреме“.

„Момците се свесни дека ова не беа перформанси и резултат кои ги сакавме, тие се разочарани, но знаат дека се уште имаме шанса за пресврт“.

Многу работи за Милан ќе зависат и од тоа дали Леао ќе може да игра во реваншот.

„Ќе видиме. Тој не можеше на овој меч да игра, има шест дена до реваншот и се надеваме дека ќе биде подготвен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×