Пиоли: Ќе видите поразличен Милан против Челси

by
1 минути читање

Милан со 3-0 загуби од Челси на Стемфорд Бриџ, но Стефано Пиоли вели дека росонерите ќе покажат нешто друго на Сан Сиро.

„Фантастично е да се игра пред нашите фанови, тие ни даваат одлична поддршка, тие се дополнително оружје за нас“, вели Пиоли.

„Сакаме да докажеме дека поразот е само случајност, не е нешто нормално. Бевме разочарани од перформансите во Лондон. Мора да научиме од нашите грешки и да одиграме подобро“.

„Потребни ни се перформанси на високо нив против силен тим. Не треба да бидеме загрижени, утре е друг натпревар и ние мора да се обидеме да сме на нашето ниво“.

„Имам мои идеи, утре ќе покажеме нешто поинакво“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×