Вечерва на
програмата е големото дерби на Милано, на кое може да се испише историја. Со победа, Интер
математички ќе го осигура Скудетото и втората ѕвезда, и со тоа, за прв пат ќе се
слави титула на „Дерби дела мадонина“.
По елиминацијата
во Лига Европа, Милан сигурно не сака да гледа како лутиот ривал се радува на
голем успех, па Стефано Пиоли крои планови како да го изненади Симоне Инзаги.
Тренерот на
„росонерите“ ќе експерементира со тактиката, Оливе Жиру ќе биде седнат на клупа,
а Рафаел Леао ќе игра во шпицот на нападот.
Кристијан Пулишиќ
ќе добие нова позиција и ќе игра како лево крило, додека пак Јунус Муса ќе игра
како лево крило. Лофтус Чик ќе ја задржи улогата на „треквартиста“, додека пак
Јасин Адли и Тиџани Рајндерс се фаворити за средниот ред, тоа значи дека Исмаил
Бенасер ќе биде помеѓу резервите.
Кога е во прашање
одбраната, нема многу недоумица поради повредите на Симон Кјаер и Пјер Калулу, како и суспензијата на Малик Чао.
Милан (4-2-3-1):
Мењан, Калабрија, Габија, Томори, Тео Ернандез, Адли, Рајндерс, Муса, Лофтус
Чик, Пулишиќ, Леао
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.