Пиоли: Ќе биде грешка ако се браниме против Наполи

by
1 минути читање

Милан утре со предност од 1-0 ќе истрча на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и ќе се обиде да го елиминира Наполи од Лигата на шампионите.

„Би било грешка доколку размислуваме за бранење бидејќи имаме миминална предност. Тие даваат по три-четири голови во просек оваа сезона. Треба да ја играме нашата игра, да играме добро како тим и да ја менаџираме добро топката“, вели Пиоли.

„Во минатите натпревари ја ставивме противничката одбрана во тешки ситуации. Победник ќе биде оној кој ќе искористи повеќе од своите шанси. Двата тима имаат квалитет да креираат можности за гол“.

„Ова ќе биде трет меч за неколку дена и двата што ги одигравме беа различни. Утрешниот повторно ќе биде различен. Пред нас имаме моќен противник, но и ние имаме наш начин на игра. Мораме да знаеме кога да притиснеме, а кога да се браниме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани