Милан синоќа одигра одличен меч и го победи својот голем градски ривал, тимот на Интер.
„Многу сум задоволен со пристапат на тимот, доминиравме 70 минути, но кога се опуштивме малку, почнавме да страдаме“, вели Пиоли.
„Овие момци продолжуваат да ме изненадуваат со нивната желба, енергија, талент и одлучност да учат. Јас сум навистина среќен тренер“.
„Тимот покажа голема зрелост против многу силен противник. Не е возможно да доминирате 95 минути, но ние покажавме голема посветеност и присуство“.
„Ние знаевме дека секоја топка може да биде одлучувачка и со таков пристап влеговме во натпреварот“.
Пиоли имаше посебни пофалби за Леао кој даде два гола и имаше една асистенција.
„За да напредувате, треба да имате талент и интелегенција, Леао ги има и двете. Ниему дадовме време и слобода да прави грешки па да може да учи од тоа“.
„Природно, секогаш во ситуации еден на еден тој е важно наше оружје. Рафа има говор на тело кој можеби ги збунува луѓето, но тој е свесен со каков потенцијал располага и многу сака да учи и да напредува“.
Вториот играч кој посебно се истакна е голманот Мајк Мањан, но Пиоли вели дека веќе не е изненаден од него.
„Тимот ме изненадува, но Мајк повеќе не. Тој е фантастичен и како човек и како голман. Тоа што ние имавме таква ланска сезона е затоа што имаме играчи од високо ниво, Мајк е еден од нив“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.