Пиоли ја објасни чудната одлука од последниот тренинг на Милан кога ечеа песни од навивачите на Дортмунд

by
1 минути читање

Милан денеска гостува на „Сигнал Идуна Парк“, па како дел од подготовките за дуелот против Борусиај Дортмунд, на вчерашниот тренинг ечеа песни од навивачите на „милионерите“.

Во разговор со новинарите, Стефано Пиоли ја објасни својата чудна одлука.

„Не се плашиме, веќе искусивме слична атмосфера на Енфилд пред две години. Тогаш за многу од нас беше деби во Лигата на шампионите против Ливерпул, па малку бевме потресени и заплашени“ – вели тренерот на Милан.

„Но тоа нема да се случи утре, атмосферата може само да ни даде енергија, адреналин и мотивација“.

„Знаеме дека атмосферата на стадионот е специјална, па пуштивме навивачки песни на противникот со цел да се погрижиме дека играчите ќе можат да комуницираат помеѓу себе на таа врева. Исто така јас сакав да се осигурам дека ќе можам да комуницирам со играчите“.

На „Сигнал Идуна Парк“ секогаш има одлична атмосфера, популарниот „Жолт ѕид“  прави вистинско шоу и навивачите на Дортмунд важат за едни од најдобрите во светот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×