Пикси нема намера да си поднесе оставка: Останувам селектор на Србија

by
1 минути читање

Во српската јавност имаше многу критики за начинот на кој Пикси ја водеше репрезентацијата. Особено на мечот со Камерун кога Србите водеа со 3-1 и од две контри успеаа да ја испуштат победата.

Играта во одбраната беше очајна и на мечот со Швајцарија на кој Швајцарците дадоа три гола, а можеа и повеќе.

Но, Пикси вели дека ќе продолжи да ја води Србија и се надева на подобри игри и резултати.

„Сакам прво да ѝ честитам на Швајцарија. Ние не сме задоволни од резултатот. Уште од самото доаѓање имавме проблеми. Момците се бореа, но не беше доволно. Што се однесува до мојот статус, останувам селектор. Во март ќе ги продолжиме квалификациите за Европското првенство“, вели Пикси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани