Пикси: Игравме со Англија на ЕП и не заслуживме да изгубиме, целта е првото место!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси се огласи во медиумите откако оваа репрезентација ги доби: Англија, Албанија, Летонија и Андора за противници во квалификациите.

Само победникот од групата оди директно на Мундијалот, а Пикси не крие дека и тоа ќе биде нивната цел, иако Англија ја има улогата на фаворит.

„За да се пласирате на Светско првенство морате да победувате. Нашата цел секогаш е да бидеме број 1 и сега сакаме да одиме во САД, Канада и Мексико, ќе дадеме се од себе да бидеме успешни“.

„Игравме против Англија на Европското првенство и не заслуживме да изгубиме. На хартија, по сила и квалитет секако се први фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Го променија селекторот, меѓутоа туак се истите фудбалери со кои се запознавме во Германија“, изјави Пикси.

Не ја потценува и Албанија.

„Покажаа напредок и сигурно ќе бидат незгоден противник. Ме радува што ќе играме во Тирана на преубав стадион каде што се играше финалето од Лигата на Конференции. Свесен сум дека за јавноста овие два натпревари ќе бидат интересни и од други причини. Сепак, тоа нас не не интересира, важно ни е само тоа што е поврзано со фудбалот“, истакна српскиот селектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани