Пике за случајот „Негреира“: Ако сакаш да купиш судија, му даваш плик со црни пари…

by
1 минути читање

Барселона е вмешана во голем скандал откако беше објавено дека клубот од Камп Ноу му исплатил милионски суми на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

Обвинителството поднесе пријава против Барселона како правно лице, поранешните претседатели Сандро Росел и Жозеп Мариа Бартомеу, и обвини дека Барса на овој начин купувала наклонетост на судиите.

Се говори дека целиот случај може да има сериозни финансиски и спортски импликации врз Барселона и додека се чека разврската, Жерард Пике даде свое видување.

„Подготвен сум да ставам рака во оган, знам дека Барселона не ги плаќала судиите“ – вели поранешниот дефанзивец.

„И доколку сакате да купите судија, ставате црни пари во плик и му ги давате на судијата. Така е многу полесно отколку да одите кај потпретседателот на судискиот комитет. Нема логика во ова“.

„Навикнати сме на теории на заговори и кампањи против Барселона“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани