Пике за напаѓачот кој го понижил како никој друг : Тој ден му донесовме светска слава, „Златна топка“ (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике откри на кој натпревар бил понижен како никогаш претходно и изненади со изборот на напаѓачот, на мака бил ставен од Србинот Дејан Лекиќ.

Жерард Пике беше гостин на јутуберот Флекс и доби прашања за напаѓачот од кој бил најмногу понижен.

Поранешниот дефанзивец на Барселона има водено безброј битки на терените и тоа со речиси сите најзвучни имиња, но изненади со одговорот.

„Имаше еден натпревар во Памплона, изгубивме од Осасуна со 3-2, за противник имаше еден висок напаѓач, мислам дека беше Хрват“ – почна Жерард Пике потсетувајќи се на натпревар од сезоната 2011/12.

„Беше многу ладно, немаше греење под теренот и тревата всушност беше бетон. Тие очигледно знаеја што да очекуваат па имаа соодветни копачки, а ние немавме. Не паметам дека сум бил толку многу фрустриран на друг натпревар. Не можев да тргнам, не можев да застанам, немав никаков грип со подлогата“.

„Тој постигна два гола против нас, тој ден му донесовме светска слава, слободно можеше и „Златна топка“ да му дадат“.

Напаѓачот за кој зборува Жерард Пике не е Хрват, станува збор за Србинот Дејан Лекиќ, кој го носеше дресот на Осасуна од 2010 до 2012.

Напаѓачот во својата кариера има настапувано во уште неколку други клубови во Шпанија како Спортинг Хихон, Еибар, Жирона, Мајорка, Реус и Кадиз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×